Илјадници демонтранти го прославуваа спасувањето на четворицата заложници од заробеништво на Хамас низ улиците во Тел Авив.
Иако синоќешните протести беа причина за радост, демонстрантите го изразија и својот гнев кон Нетанјаху. Тие носеа слики со слогани против израелскиот премиер.
Едногласно побараа крај на војната и ново раководство.
Меѓу демонстрантите беа и роднини на некои заложници кои бараа договор за ослободување на нивните најблиски.
„Имаше среќен настан, одлично беше спасувањето на 4-те заложници, но ни претстои уште долг пат, имаме уште над 100 киднапирани таму и се уште ја имаме оваа тековна војна за која не знаеме каде тоа оди, и ние мора да го запреме, мора да најдеме решение“ – вели Гили Кешет, демонстрант.
„Дојдов да демонстрирам, против владата, да ја соборам што е можно поскоро и секако да го поддржам ослободувањето на заложниците, затоа што мислам дека треба да одиме на договор во замена за запирање на војната целосно“ – истакна уште еден од демонтрантите, Омри Бичовски.
Иако синоќешните протести беа мирни , израелската полиција се обиде да ги растера демонстрантите употребувајќи вода.
Четворицата спасени заложници кои беа повод за прослава на илјадници демонстранти се во добра здравствена состтојба.
Тие се пренесени во болницата Тел Хашомер. Според лекарите, тие се со значително намалена мускулна маса.
„Што се однесува до нутритивниот статус на заробениците кои се вратија, сите се во тежок нутритивен дефицит со значително намалена мускулна маса и прекин на нивниот метаболички статус. Јасно е, особено во првиот период од заробеништво, дека не добивале соодветна исхрана – изјави Итаи Песах, директор на медицинскиот центар Шеба.
Спасените Ноа Аргамани, Алмог Меир Јан, Андреј Козлов и Шломи Жив беа киднапирани од терористи на Хамас на 7 октомври на музичкиот фестивал Супернова.
Хамас зеде околу 250 заложници за време на нападот на 7 октомври во кој загинаа околу 1.200 луѓе.
Марија Коцева