Вести Македонија Топ вести

Голем број на македонски работнички се уште не си ги знаат своите права на работното место

Голем број на македонски работнички се уште не си ги знаат своите права на работното место. Но, истражувањата на Здружението на бизнис жени покажува дека и дел од оние кои си ги знаат, доколку им се прекрши работничкото право одлучуваат да премолчат, поради страв да не ја изгубат работата.

„Најмногу е во приватниот сектор. Се уште имаме ранливи области какошто се текстилната индустрија и слично, кадешто во последните години гледаме дека ситуацијата малку се подобрила, но сепак постојат кршења на основни човекови права„ изјави Елена Блажевска од Здружение на бизнис жени.

Анализата на ова Здружение покажала дека најчесто се прекршуваат работничките права во делот на неискористување на годишниот одмор. Наместо минимум дваесет денови, голем дел од работниците во приватниот сектор користат само две недели, вклучувајќи  ги овде  саботите, но  и празниците.

-Прво треба да се зголеми информираноста кај жените работнички, бидејќи стварно имаме жени кои не ги знаат своите права. Овде се работи за права и обврски на работникот и работодавачот. Често се среќаваме со почитување само на правата на работодавачот, но не и на правата на работникот, рече  Блажевска од Здружението на бизнис жени.

Според анализите на здружението, постои голема нерамнотежа на пазарот на трудот на релација маж – жена.  Половина од работоспособните жени не одат на работа, а како единствена причина за тоа ја навеле грижата за семејството.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Штипјанец кој палел огномети, со години ја лажел полицијата дека има фирма за таа намена

Дејан Дејан

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе