Вести Македонија Топ вести

Каде исчезнаа 10 денари по килограм откупена пченица?

Земјоделците пред стартот на жетвата очекуваат подбри приноси и по кавалитет и квантите на житните култури, но од Националната мрежа на земјоделци се децидни дека мора да се утврди производната цена на пченица, бидејќи моменталните откупни цени на јачемнот и пченицата се минимални и не ги оправдуват ниту производствените трошоци.

Каракашев вели во моментов откупната цена на лебното зрно се движат од 8 до 10 денари  за килограм и оваа цена и не ги покрива ниту основните производни трошоци, а  земјоделците работат со загуба. Лани производната цена на пченицата изнесувала 19 денари за килограм. Според Каракашев токму тоа е и причина за годинава да има помалку површини под житни култури,а тоа најмногу може да се забележи во штипскиот и Овчеполски регион. Недостатокот од  житни култури станува глобален проблем.На светските берзи пченицата го достигна својот максимум и деновиве се продаваше по цена од 27 денари.

Македонските земјоделци годишно во просек произведуваат околу 250.000 тони пченица, кои не ги покриваат  основните потреби на населението,па затоа имаме и увоз на  пченица.

Викторија Димитрова Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Штипјанец кој палел огномети, со години ја лажел полицијата дека има фирма за таа намена

Дејан Дејан

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе