Со помош на Лара Иванова и ЈП„Лајка“ и дава видливост на Присила, на нејзината мила ѕвезда, љубопитност и за жал долгата потрага по дом.
Присила е помалку од една година во нивното прифатилиште и бара дом. Заради нејзиниот прекрасен карактер, мила природа и поради тоа што веројатно била нечиј миленик не е вратена на улица.
Таа е совршено куче, би била совршена за активно семејство кое сака уникатен миленик кој е мешанец од далматинец, обожава луѓе, деца и одлично би се вклопила во сечија фамилија, велат од ЈП„Лајка“.
Повеќе слики од неа можете да најдете тука: https://drive.google.com/drive/folders/1x_Z4CGzmMKjclykdgYvZe_D3Im_olEmg
Како и сите наши кучиња така и Присила е стерилизирана, редовно вакцинирана и прочистена од надворешни и внатрешни паразити.
Споделете, за следниот што ќе застане пред нејзиниот кафез да биде нејзиниот човек, љубов и дом.
Затоа што животот е поубав со куче!