Вести Македонија Топ вести

Ново обвинение, трето во низа, за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

Покрај двата судски процеси, кои веќе се закажани во струшкиот Основен суд, градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко се соочува со уште две обвиненија, кои ги поднесе денеска Обвинителството за две нови кривични дела, поврзани со работата на струшки училишта.

Во првиот предмет, обвинети се 4 лица, наставничка, директор, помошник директор на училиштето во Велешта и Мерко, затоа што фалсификувале документ за вработување, а потоа и за назначување на директор во периодот од април 2022 до септември лани.

Првообвинетата,  наставник по француски јазик во основно училиште во Велешта употребила три лажни јавни исправи како вистинити, кои ги искористила за полагање стручен испит во Државниот испитен центар. Останатите тројца – градоначалник на општина Струга, директор и помошник-директор на училиштето ги прифатиле фалсификуваните документи за вработување како наставник, но и за назначување на првоосомничената за в.д. директор на училиштето, се наведува во соопштенеито од ЈОРМ  

Во вториот предмет, градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е обвинет за несовесно работење во службата, бодеќи за в.д. директор во основното училиште во село Подгорци именувал лице кое не ги исполнувало условите, односно немало работно искуство од најмалку 5 години во воспитно образовна работа како што е предвидено според законот, па 6 месеци бил на директорката функција.

За слично дело, на Мерко на 22 мај, за кога е закажано рочиштето,  ќе му се суди затоа што што поставил в.д директорка на училиште во селото Лабуништа, која немала соодветно работно искуство.

За 3 јуни е закажано судењето во кое тој е обвинет за злоупотреба на службата при набавката на службеното луксузно возило Ауди 6 од 67 илјади евра, во услови кога општината имала блокирана жиро сметка.

Мерко е на црната американска листа од лани летоска, не само за вмешаност во корупција, туку и за влијание врз судски и други процеси

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кој прифатил сервилност во Владата, вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе