Вести Македонија Топ вести

Еден затвореник полесно повреден во инцидент меѓу две групи во затворот во Шуто Оризари

Еден затвореник е полесно повреден во пределот на раката при „блиска“ средба меѓу две групи на затвореници што се случила денеска во затворот во Шуто Оризари, потврдија извори од казнено-поправната установа.

Инцидентот, како што појаснуваат, се случил при разминување на двете групи на дневна прошетка, но ситуацијата набрзо била ставена под контрола по интервенција на затворското обезбедување.

Повеќе детали засега не се соопштуваат. Извори од затворот од Шуто Оризари за Телма истакнаа дека во тек е истрага за причините и начинот на кој се случил инцидентот, а се прегледуваат и снимки од безбедносните камери по што, како што најавија, ќе следува и официјално соопштение.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Здравева: Дамките врз институциите се таложат една врз друга, постои генерална недоверба во институциите на системот

Дејан Дејан

Здравева: Бодувањето на членовите на ДКСК е како превртена пирамида, колку се повисоки на политичките партии, толку се пониски на граѓанското општество

Дејан Дејан

Трпеноски: Претседателката на ДКСК да се повлече од функцијата додека трае истрагата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе