Вести Свет Топ вести

Борел: Израел го користи гладувањето како оружје во војната со Хамас

Израел го користи гладувањето во Газа како оружје во војната со Хамас, обвини Жосеп Борел. Високиот комесар за надворешна политика и безбедност на Европската Унија (ЕУ) ги критикуваше властите во Тел Авив дека ги блокираат копнените рути за испорака на хуманитарна помош која им е повеќе од потребна на стотици илјади Палестинци.

Светската програма за храна за првпат од 20 февруари испорача хуманитарна помош на северот на Газа. Шест камиони со основни продукти влегоа во Појасот по деталната проверка на израелски граничен премин. Претходно САД, Јордан, Катар и Египет организираа испорака на храна по воздушен пат.

Во обраќањето пред Советот за безбедност на Обединетите Нации, Борел нагласи оти ЕУ чека резултати од три истраги на израелските служби, по обвинувањата дека 12 вработени ви Агенцијата на ЕУ за палестински бегалци учествувале во нападите на Хамас на 7 октомври. Притоа порача дека единствениот начин за затворање на агенцијата е бегалците да станат граѓани на палестинска држава која ќе коегзистира со израелската.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина застреланиот странец во Штип, убиецот пробил полициска блокада на патарина, но е уапсен

Дејан Дејан

Променливо облачно со сонце и нестабилно – Временска прогноза за 10.5.2025

Дејан Дејан

Извршен увид по пукање со огнено оружје во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе