Кошарка Спорт

Јокиќ оствари перфектен трипл-дабл, Детроит го запиша и 28.пораз по ред (ВИДЕО)

Никола Јокиќ одигра перфектен натпревар за Денвер во победата од 142-105 против Мемфис во НБА-лигата. Српскиот центар запиша трипл-дабл со 26 поени, 14 скока и 10 асистенции и немаше ниту едно промашување од игра ниту пак од линијата за слободни фрлања. За него тоа беше 116-тиот трипл-дабл во регуларна сезона во НБА кариерата и сега е на четвртото место на вечната листа зад Меџик Џонсон, Оскар Робертсон и Расел Вестбрук.

Детроит постави нов негативен рекорд во НБА-лигата откако утринава го запиша 28.пораз во низа. Пистонс утринава загубија на гостувањето кај Бостон со 128-122 во продолжението и сега ја имаат најдолгата серија порази во една сезона во историјата. Кристапс Порцингис со 35 поени ги предводеше Селтикс, а Џејсон Тејтум имаше 31. Кај Пистонс, најефикасен беше Кејд Канингем со 31 поен.

Лос Анџелес лејкерс со 133-112 славеа против Шарлот. Ентони Едвардс постигна 44 поени во победата на Минесота од 118-110 против Далас, кој беше без Лука Дончиќ. Тајрис Халибартон имаше историска вечер за Индијана во победата од 120-104 на гости кај Чикаго. Кошаркарот на Пејсерс постигна 21 поен, а подели и 20 асистенции, но интересно немаше ниту една загубена топка.

Победи остварија и Њу Орлеанс против Јута, Мајами како гостин славеше кај Голден Стејт, а Сан Антонио исто така дојде до гостинска победа кај Портланд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АЕК бара натпреварот со Алкалоид да биде презакажан

Дејан Дејан

Гиљермо останува на клупата на Вардар и следната сезона

Дејан Дејан

Милевски одбра 27 фудбалери меѓу кои и еден дебитант за Белгија и Казахстан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе