Вести Најважни Свет

Потона сплав на Сава, евакуирани стотици млади – се започнало со тепачка

Потона сплавот „Картел“ на кејот Сава во Белград, додека на него се забавувале стотина млади, меѓу кои и голем број средношколци. Многумина во паника скокале во водата. Евакуирани се 114 лица. Брзата помош згрижила 10 малолетници, додека двајца поради алкохолизам се пренесени во ВМА. Нема жртви, ниту повредени.

Полицијата добила дојава дека сплавот тоне, нешто по полноќ, поради што ангажирани биле 30 пожарникари-спасувачи, со 11 возила и  пет специјалистички екипи за спасување и водови, како и голем број припадници на жандармеријата, полицијата и брзата помош.

Брзата помош згрижила 10 малолетници и им ги предала на родителите, а двајца 17-годишници поради алкохолизам се пренесени во Медицинскиот центар. Дежурниот лекар изјави дека голем број млади луѓе биле во алкохолизирана состојба.

Од итната помош велат дека се започнало со дојава за тепачка на сплав.

Од МУП наведуваат дека има индиции дека имало тепачка, но дека истрагата ќе ги утврди сите детали. Како дошло до потонувањето ќе се знае во наредните денови, соопштија од полицијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Собранието распиша конкурс за модерно тријазично лого

Дејан Дејан

Грабеж на хотел во Скопје

Дејан Дејан

Судењето за модуларната болница од Тетово во завршна фаза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе