(Фото: принтскрин од емисијата Фикс фаре на Топ Ченел, Албанија)
Сакаш бугарски пасош, оди во Острен! Новинар од емисијата Фикс на албански ТОП ЧЕНЕЛ купува потврда за бугарско потекло во Булќиза во Албанија за 10.000 леки (1.000 евра).
Емисијата Фикс Фаре на Топ Ченел позната по откривање на афери и акандали ао тајно снимање, во изданието емитувано вечерва, со глас и слика докажа колку е лесно да се купи потврда за бугарско потекло во Острен и Булќиза, без разлика кое е вашето потекло.
За 100.000 леки (1000 евра) новинар од Фикс купил две такви потпишани и запечатени потврди од администраторот на Острен, Луан Мјештри.
Уверенијата се добиени со доставување фотокопии од потврди на жител на Патос, дека неговите баба и дедо се од Управната единица Требиш и втората за жител на Стерблева, со баба и дедо од Стерблева и Либражд. Потеклото на двете семејства немало никаква врска со Управната единица Острен.
Овие потврди се издаваат за суми од 90 или 100 илјади леки и се користат за добивање бугарски пасош.
Емисијата Фикс ги објави разговорите со вработениот во Управната единица Острен, кој за документот побарал 85.000 леки, при што тврдел дека 50.000 чини уверението, 35.000 се за нотарски услуги, а вработениот дури и го потпишува кај администраторот, така што не треба да се оди лично.
Вработениот ги прима парите во државната канцеларија и за два часа го дава уверението потпишано и запечатено од администраторот.
Првата потврда е добиена како граѓанинот роден во Патос (Фиер) да припаѓа на бугарското малцинство, родителите на лицето што го добило бугарското уверение се од Челебија (Требишти), административна единица во Албанија која нема никаква врска со Острен.
Втората потврда е купена од генералниот секретар на општината, Фитим Бала, потврда која е издадена за жител на Либражди. Родителите на вториот се родени во Штерблеве, административна единица која исто така не е поврзана со Острен (место во источна Албанија на самата граница со Македонија односно наспроти Дебар).
Продавачот ја донел потврдата во Тирана и побарал 100.000 леки, според него, 50.000 леки чинела потврдата, а 50.000 биле за други трошоци.
Двете потврди купени од емисијата Фикс биле издадени по различни закони иако се со печат и со потпис на администраторот Луан Мјештри.
Во првата потврда е цитиран законот за граѓанска состојба, кој ја регулира постапката за издавање документи со лични податоци и дозволува такво право само на работникот во одделите за граѓанска состојба.
На вториот “бугарски документ” е цитиран законот за локална самоуправа, кој не му дава каква било надлежност на администратор да поптпишува и издава документи на жители на други административни единици.
Најголемиот апсурд е што ниту еден закон од двата цитирани, но и од други закони со кои се регулираат граѓански и управни документи издадени на општинско ниво, не наведува и не дозволува на администраторот да може да издава потврди за етничко потекло.
Со вакви уверенија албанските државјани “со бугарско потекло” платено илјада евра може да бараат бугарски државјанства и пасоши во Софија. Откриениот скандал отвора многу прашања и за бугарската држава, но и за Македонија бидејќи во реонот каде се издавале вакви документи живеат Горанци односно Македонци доселени од Гора, област на крајниот југозапад во Косово.
Бугарија спроведуваше и агресивни активности за време на пописот во Албанија во областите каде што живеат Македонци поради што и официјално Скопје реагираше со коментар дека на пописот изјаснувањето треба да биде слободно и сите треба сами етнички и национално да се определат.
На следниот линк е емисијата Филс Фаре, а прилогот за бугарските документи почнува на 9-тата минута.