Почнува постапката за екстрадиција пред турските органи на прогонот откако министерството за правда синоќа ја испрати преку три официјални канали. Палевски ќе има адвокат по службена должност, а првиот чекор на бранителот е да се жали на екстрадициониот притвор додека трае постапката на одлучување.
Не е исклучена и првната можност Палевски да побара азил што, пак, дополнително ќе го одолговлечи неговото спроведување во земјава.
Како експертите во земјава така и поранешната шефица на обвинителството за борба против организиран криминал Вилма Русковска порача на случајот да не му се дава политичка конотација што би можела да биде аргумент плус на Палевски пред турските власти.
Русковска, верува дека колегите во Турција ќе имаат предвид дека ова лице е осомничено за две грозоморни убиства.
– Сметам дека и колегите во Турција, односно судиите, кои ќе ги разгледуваат доказите и ќе одлучуваат по екстрадицијата, ќе го имаат сето ова предвид, рече Русковска.
Стефан Димковски кој освоен што ги загуби фризурата и слободата и е во притвор, МВР со кривична пријава бара обвинителството да го гони за помагање. Собрале докази дека тој два дена му помагал на Љупчо Палевски да избега и го возел од Белград до Труција.
– Имено, Стефан Димковски. се сомничи дека во временскиот период од 01 до 03.12.2023 му помогнал на Љупчо Палевски кој е осомничен за сторени кривични дела „грабнување” по член 141 и „убиство” по член 123 од Кривичниот законик, дека со патничко возило „ленд ровер“, со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице со седиште во Струмица, го земал Палевски. од Белград, и го однел во Р. Турција, со цел да избега и да се сокрие од органите за прогон во Република Северна Македонија,“ се наведува во соопштението на МВР
Кривичен во Скопје доцна синоќа го прифати барањето на обвинителството за 30-дневен притвор на струмичанецот и тој е 6-тиот осомничен околу убиствата на малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември а пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.Палевски е осомничен за две кривични дела „грабнување“ и две убиства на свиреп начин.
Павле Беловски