Вести

Потребни се реформи во образованието- алармираат надлежните

Ковид пандемијата е една од причините за слабите оценки на учениците на меѓународното ПИСА тестирање, вели професор Рабије Мурати која годинава ја доби наградата Св Климент Охридски.

Таа додава дека потребни се реформи, но не може да се прави промена за која се покажало дека е  добра и успешна во друга држава и ад хок  да се применува кај нас.

„Секако дека нашата држава и тоа како има потреба за да се реформира образовниот систем, и тоа како треба да се работи во сферата на образованието зошто образованието  е клуч за развитокот на општеството во целина. Имаме многу работи коишто треба да ги надминеме и да ги решаваме внатре во државата. И секако, секоја една измена што треба да се направи во полето на образованието треба секогаш да се има во обѕир потребите, капацитетот и колку сме ние подготвени за тие измени што треба да се направат во оваа насока“, вели за Телма Рабије Мурати универзитетски професор.

 Образованието е едно од најважните сегменти на општестсвото и секој индивидуално треба да се труди и да работи на него вели режисерот Антонио Митриќески, исто така добитник на годинешната Климентова награда.

„Знаењето е моќ. Ние ако работиме врз себе, даваме труд и ако направиме резултати тие резултати се за општеството. Така што, ќе помогнеме на општеството ако сами работиме на себе“, вели за Телма Антонио Митриќески филмси режисер.

Последното меѓународно тестирање на учениците – ПИСА покажа загрижувачки резултати. Оценката е дека има генерално намалување на нивото на јазичната, математичката и научната писменост кај учениците на 15 годишна возраст во речиси сите држави учеснички. Од 81-на земја, каде се правеше тестирањето, Македонија е на 71-во односно 61-во место.

„Нашата земја е на 61-то место според резултатите по математика. Со постигнатите 359 поени при мерењето на јазичната писменост, односно читање со разбирање, рангирани сме на 71-то место, додека по природни науки нашите ученици постигнаа 380 поени, што ја рангира државата на 68-то место во Европа“, велат од МОН.

Преставничката на УНИЦЕФ Патриција Диџовани порача дека државата треба сериозно да биде загрижена, а властите да се погрижат и веднаш да почнат со решавање на овој проблем.

ПИСА е едно од најкредибилните меѓународни тестирања кое ја мери писменоста, односно применливото знаење што му е потребно на ученикот за да го продолжи своето образование. Задачите во тестовите се поврзани со реални ситуации во кои може да се најдат учениците, и преку одговорите се мери функционалното знаење.

Ова е четврто учество на земјава. Претходно, Македонија беше дел од студиите во 2000та, 2015та и 2018та година. Во април и мај лани беа опфатени 6610 ученици од 111 средни училишта, а тестирањето се одвиваше на македонски и албански јазик.

Симона Петровска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе