Вести Македонија Топ вести

На Обвинителството му фалат луѓе, пари и простор

На Јавното обвинителство му фалат една третина од потребните обвинители, а во обвинителската администрација е пополнето секое трето работно место. Фалат 88 обвинители. Од над 1100 предвидени работни места во јавнообвинителската служба, пополнети се помалку од 400. Обвинителствата во Тетово, Гостивар, Ресен и Кичево кубурат со простор, а владата на Обвинителството му дава двојно помалку пари од законски предвиденото.

Советот на јавни обвинители го разгледа и едногласно го усвои Извештајот за работата на јавното обвинителство за 2022 година. Обвинителот Љубомир Јовески вели дека почнале да им бегаат луѓе од обвинителската администрација поради ниските плати. Дури и во таква ситуација, тие успеале да постапуваат по новите, и да го намали бројот на заостанати случаи.

„Сигурно дека пополнувањето со јавнообвинителски службеници ќе ја засили борбата, не само против организираниот криминал, туку вкупно во делот на покажувањето на резултати на Обвинителството во справувањето со криминалот“, изјави Јовески.

Во Свети Николе, Делчево и во Крива Паланка нема ниеден обвинител. Обвинителствата во Прилеп и во Гевгелија работат со една четвртина од предвидените обвинители, а во Тетово со една третина. Кичево има само двајца од предвидените петмина, а обвинителствата во Охрид и Кочани работат со половина од предвидените.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина застреланиот странец во Штип, убиецот пробил полициска блокада на патарина, но е уапсен

Дејан Дејан

Променливо облачно со сонце и нестабилно – Временска прогноза за 10.5.2025

Дејан Дејан

Извршен увид по пукање со огнено оружје во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе