Вести Македонија Топ вести

Охридското езеро преплавено со фекалии, Колекторскиот систем не ја покрива целата водена површина- дивите приклучоци се главен проблем

Фекалии пливаат во Охридското езеро, затоа што крајбрежјето не е целосно покриено со Колекторскиот систем, пречистителната станица во комплексот Св.Наум на кој се приклучени дел  хотелите  не е во функција, некои туристички населби и населени места  имаат септички јами кои се празнат во езерото.

Станбени објекти ја приклучуваат фекалната канализација на атмосферската која директно  оди  во езерото, а одредени приватни куќи фекалните води ги испуштаат во реките кои се влеваат во Охридското езеро, објави Институтот за јавно здравје  во извештајот за квалитетот на површинските води.

  • Проблемот со дивите приклучоците е детектиран во последните неколку години, потоа со капацитетите и можностите на пречистителната станица на Охридското езеро како и третата група на проблеми  од теренот укажуваат дека дел од  колекторскиот систем не функционира, сите тие се  главниот проблем за ваквата состојба, вели доц. Д-р Мирјан Димовска, ИЈЗ.

И покрај ваквото  катастрофално и неодговорно однесување кон едно од најстарите и најубави езера во светот,  водата e со добар квалитет  и може  да се користи за капење и рекреација. Според Институтот ова се должи  на големиот број  извори, постојаното струење на водата и моќта на езерото за  самопречистување.  Охридскиот градоначалник  вели дека се работи на комплетирање на колекторскиот систем.

  • Најголем дел од крајбрежјето на територија на Општина Охрид е покриен со Колекторскиот систем и функционира. Истото го покажува испитувањето на ЦЈЗ со исклучок на неколку точки кои не се покриени со Колекторски систем. Во текот на оваа и минатата година за дел се добиени одобренија, а за дел ќе биде нарачан проект во октомври, по што ќе следи одобрени е за градба, вели  Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.

Од Министерствоте за животна средина велат дека од Буџетот за годинава се издвоени над 700 илјади евра за да продолжи санацијата на Колекторскиот систем која започна во 2019.

Од пред неколку дена  воведен е во работа изведувачот кој ќе интервенира на три локации, во Грашница во Охрид за решавање на деценискиот проблем со отпадните води, потоа во Струга и Подмоље.

Исто така се работи на проект  за изградба на пречистителна станица од Радожда до Елен Камен од каде во моментов почнува колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро, велат од Министерството за животна средина.

Емилија Мисирлиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кој прифатил сервилност во Владата, вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе