Вести Македонија Топ вести

ДС: Да се објави договорот со „Бехтел и Енка“ за да се спречи грабеж на столетието

Демократски сојуз и денеска реагира со барање да биде објавен договорот меѓу Владата и американско – турската компанија „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д со цел како што велат да се спречи грабеж на столетието.

Бараат тој да биде предмет на стручна анализа и јавна расправа, особено што причина за законските измени се обврските вградени во договорот и прифатени од преговарачите и Владата.

– Криењето на договорот од јавноста, експертите и од пратениците, само ги засилува сомнежите и веќе изнесените информации, дека тој овозможува коруптивни активности и  претставува своевиден ГРАБЕЖ НА СТОЛЕТИЕТО. Демократскиот сојуз ги повикува сите пратеници да отфрлат  продолжение на расправата по законите во скратена постапка и да инсистираат за нив да се расправа во редовна и јавна дискусија, откако зад законите ќе застане Владата, а не група пратеници. Доколку продолжи  мајоризацијата на ДУИ и СДСМ, тогаш ќе предложиме имплементацијата на договорот да се одложи преку измена на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за изградба на автопатите на коридорите 8 и 10 д, велат од партијата.

Од ДС додаваат дека доколку и натаму главна улога има Артан Груби, претходно како координатор на Комитетот за преговори при склучување на договорот со „БЕХТЕЛ и ЕНКА“, а сега како Координатор за спроведување на договорот, кој тврди дека договорот е „тајна и никогаш нема да се објави“, можно е земјава да остане и без пари и без автопати.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно со сонце и нестабилно – Временска прогноза за 10.5.2025

Дејан Дејан

Извршен увид по пукање со огнено оружје во Штип

Дејан Дејан

Ден на Европа 2025 – 75 години единство и солидарност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе