Вести Македонија Топ вести

Истекува рокот за номинирање претставници во работната група за Уставните измени

Денеска е последен ден до кога политичките партии и повиканите институции ќе можат да ги достават своите предлози за претставници кои ќе учествуваат во работната група која ќе ги скицира уставните измени со кои се предвидува вметнување на Бугарите во највисокиот правен акт. Од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот дека нема да учествуваат во ова тело. Убедени се дека за уставните измени нема да биде обезбедено потребното мнозинство за да можат да бидат изгласани во Собрание.

Покрај ВМРО-ДПМНЕ и демократскиот сојуз најави дека нема да испрати свој претставник во работната група, а и од Алтернатива порачаа дека без политички консензус неможе да има работни групи.

Претседателот Стево Пендаровски веќе номинираше свој претставник, а останува тоа да го сторат и Секретаријатот за европски прашања, како и Министерството за надворешни. Работната група треба да го подготви текстот на уставните амандмани, вклучително и текстот на Преамбулата за внесување на Бугарите и други помали заедници во уставот, неопходни за Македонија да почне со отворање на поглавјата во преговорите со Европската унија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе