Вести Македонија Најважни Топ тема

(видео)Анализа на Топ Тема – Колку високи плати ќе земаат највисоките државни функционери?

Додека владата разгледува опции, плата според новите пресметки – откако Уставниот суд ја укина замрзнатат основица – добија пратениците, а деновиве ќе легнат и на сметките на останатите функционери.

Пратениците, градоначалници и други именувани функционери кои веќе добиле плата за март, добија зголемена плата, велат дека го почитувале законот и дека покачувањето го пресметале веднаш откако Уставниот суд ја укина замрзнатата основица, а одлуката беше објавена во Службен весник. На пример, пратениците зеле околу 16 илјади денари покачување за осум дена од март, веднаш по објавување на одлуката.

И бидејќи сите молчат, Топ Тема вечерва прави пресметка- колку ќе бидат новите плати. Формулата е едноставна. Платата на избраните или именуваните функционери се утврдува многу едноставно , со тоа што коефициентот се множи со просечната плата.

Во Законот е детално разработено и тоа кому кој коефициент му припаѓа… За нашата пресметка издвоивме: највисокиот или коефициент од 4,5.

Според Законот ова е коефициент со кој се утврдува платата на претседателот на Републиката, на Собранието и претседателот на Владата.

Коефициентот на плата пак на Министрите, претседател на Врховниот суд, републички јавен обвинител, судија на Уставниот суд, гувернер, јавен правобранител на Македонија, народниот правобранител, секретар на Собранието и секретар на Владата, изнесува до 3,70.

И за да не ја преоптоварувам оваа анализа со премногу бројки, уште два примери: Коефициентот за утврдување на плата на судија на основен суд и на заменик на основниот јавен обвинител, изнесува до 2,80.

А платата на градоначалниците зависи од тоа колку жители има општината и се движи од 2,70 до 3,70.

Па оттука низ неколку примери, прво за највисокиот коефициент од 4,5.

Пресметката што може да се добие е дека:

  • Доколку ништо не се смени, претседателот  на Собранието, на Владата и на државата би добивале плата од околу 2258 евра.

А до неа се доаѓа со едноставна пресметка на коефициентот со           просечната бруто плата од 47. 637 денари, при што бруто износот на плата: 214.336,5 денари или 3.485 ЕВРА, но како и кај секој вработен тука влегуваат стандардните одбитоци за  пензиско и здравствено осигурување.

Доколку, како основица се зема просечно исплатената НЕТО плата, пак, на сметка на првите луѓе во државава месечно би легнувале околу 1500 ЕВРА. При тоа тука не се пресметани годините на стаж, кои може да имаат влијание за дополнителни мали варијации.

Оваа пресметка со бруто и нето просечна плата ја направивме поради различните толкувања во јавноста дали како нова основица треба да се зема бруто или нето платата.

Соговорници на Телма, кои умале увид во упатствата за пресметки на платите сепак тврдат дека како основица се зема просечната бруто исплатена плата – лани, па затоа во следните примери ќе се задржам само на овој износ.

А Топ Тема пресмета уште два примери:

  • Па така бидејќи коефициентот кај пратениците е различен, ако го земеме просечниот од 3,5 новата плата на пратениците во иднина би изнесувала околу 1.750 евра, повторно без стаж.

И како последна ја направивме пресметката за платите на Министри, претседател на Врховен суд, републички јавен обвинител

  • Новата министерска плата или платата nа претседател на врховен суд или на дрѓавниот јавен обвинител би била околу 1859 ЕУР. Додека пак платата на функционер со најмал коефициент од 2.2 би изнесувала околу 620 евра.

Боби Христов

Пратениците веќе земаа поголема плата по одлуката на Уставниот суд – за осум дена 16 000 денари повеќе или зголемување од 78 проценти

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тему и Шеин најавуваат поскапувања поради царините на Трамп

Дејан Дејан

Aкутна неухранетост- седмата недела блокадата за помош во Газа

Дејан Дејан

Путин го спореди Маск со таткото на советската вселенска програма

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе