Вести Македонија Најважни

Македонија ќе ги донира хеликоптерите „Ми-24“ на Украина

Македонските „Ми 24“ од руско производство, кои земјава ги набави во 2001-та година, ќе летаат како донација за Украина. Владата доцна синоќа ја разгледа информацијата и ја усвои потребата од склучување на протокол со украинското Министерство за надворешни работи за донирање на македонските воздухоплови.

Од Министерството за одбрана велат дека за хеликоптерите од типот „Ми-24“ уште пред осум години, се потрошени ресурсите, односно не се користат поради недостиг на резервни делови, но сметаат дека Украина има капацитет да ги стави во функција и истите да ги користи за потребите на украинската армија за изведување различен вид операции и борбени активности.

Од друга страна, македонското Министерство за одбрана има намера да набави нови повеќенаменски хеликоптери и тие ќе имаат првенствено транспортна, а не борбена улога. Според дел од информациите, досега се стигнати пет понуди од различни држави и компании, а во моментов евалуација прави Интегриран проектен тим кој во април треба да достави извештај до ресорното министерство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе