Вести Македонија Топ вести

Курти: Оптимист сум, ќе направиме се за Република Косово

Премиерот на Косово, Албин Курти по средбата со лидерот на Демократската ујина за интеграција Али Ахмети во изјава за медиумите рече дека е оптимист, но внимателен како и дека подготвен е да направи се за уставноста, суверенитетот, територијалниот интегритет, јавниот и народниот интерес за сите граѓани.

– Охридското Езеро е тектонско езеро, по е тивко и убаво место. Во оваа прилика, освен што сум оптимист, дојдов со намера и добра волја дека договорот постигнат претходно, кој за жал не беше потпишан во Брисел на 27 февруари, ќе продолжи преку разговори за планот за имплементација и на овој начин да се заврши договорот за нормализација, рече Курти.

Курти потенцираше дека ќе продолжуваат разговорите за планот за имлементација , бидејќи, како што рече, нема готов текст.

– Се додека нема готов текст, не може да има завршување на разгоровите, па додека нема завршување на разговорите не може да има договор. Јас сум тука за принципиелен, отворен, сериозен дијалог кој треба да резултира со договор, а договор значи конечен и договорен текст. Не дојдов тука на разговори за разговори, туку на разговори за договори, рече Курти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина застреланиот странец во Штип, убиецот пробил полициска блокада на патарина, но е уапсен

Дејан Дејан

Променливо облачно со сонце и нестабилно – Временска прогноза за 10.5.2025

Дејан Дејан

Извршен увид по пукање со огнено оружје во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе