Вести Македонија Топ вести

Студентите се пишманија, средношколците на протест в петок пред МОН- бараат кратење на материјалот за матура

Се откажа идејата матурантите и студентите рамо до рамо да застанат в петок на протест пред МОН. Матурантите не отстапуваат од протест поради државната матура, додека од студентски отпор тргнаа, па го запреа членството.

Министерот тврдеше матурантите биле запознати со полагањето државна матура, а од здружението ОДАС велат средби немало. Со услови до ресорното министерство – или кратење на материјалот или укинување на еден екстерен предмет побараа средношколците. Во спротивно, од понеделник ке ја бојкотират наставта.

Средношколците побараа поддршка од студентските здруженија. Но, од студентски отпор се премислија. За Телма велат, се повлекуваат од идејата за радикализација кој го најавија за петок, . Во текот на наредниве денови ќе се одлучат што да прават.

Пред два дена матурантите протестираа пред МОН со барања за кратење на материјалот поради дупки во знаењето, а причини се дојавите за бомби и онлајн наставата. Средношколците треба да полагаат државна матура на 27-ми мај, а државната матура е услов за сите кои сакаат да се запишат на факултет.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина застреланиот странец во Штип, убиецот пробил полициска блокада на патарина, но е уапсен

Дејан Дејан

Променливо облачно со сонце и нестабилно – Временска прогноза за 10.5.2025

Дејан Дејан

Извршен увид по пукање со огнено оружје во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе