Вести Македонија Топ вести

Судењето за Стаменковски од „Доказ.мк“ затворено за јавноста – ќе се изнесуваат детали од приватниот живот на оштетените

На барање на обвинителката, првото судско рочиште против Марјан Стаменковски, сопственик на порталот Доказ.мк, е затворено за јавноста.

Обвинителката објасни дека се работи за кривични дела против моралот и потребна е заштита на приватниот живот на оштетените и сведоците, бидејќи на судењето се очекува изнесување детали од животот на оштетените. Затоа, обвинителката смета дека е потребна нивна заштита кои досега преку интернет порталот биле подложни на говор на омраза, рече обвинителката и се повика на член 354 од ЗКП.

Стаменковски се товари дека преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, едно кривично дело – Уцена, едно кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци.

Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот во негова сопственост. Пријавите се од две новинарки од неделикот „Фокус“ и еден владика.

Во меѓувреме се вештачат доказите прибавени по претресот во домот на обвинетиот по што се очекува обвинението да биде проширено а не се исклучува ни можноста со него да бидат опфатени и други лица кои соработувале со обвинетиот Стаменковски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе