Вести Временска прогноза

Стабилно со сонце, ветровито и многу студено – Временска прогноза за 6.2.2023

Променливо облачно со сончеви периоди и многу студено. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието.

Во Скопје променливо облачно и многу студено со сончеви периоди. Ќе дува засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -10 до -2°C, а максимумот од -5 до 3°C.

Агропрогноза:

Врнежите од дожд и формирање на снежна покривка на повисоките места, кои се случија во изминатата седмица се оценуваат како позитивни агрометеоролошки услови, особено за есенските посеви, каде количеството на паднат воден талог ќе обезбеди добра залиха на влага за идниот вегeтационен период.

Во наредните денови се очекува студено време со ниски утрински и дневни температури. Но, културите ќе бидат во граници на издржливост и тоа е доволен податок за земјоделските производители да не стравуваат од евентуални штети, од аспект што ја одржуваа состојбата во услови на мирување, состојба која е неопходна во овој период.

Овие временски услови очекуваме да им годат на културите во услови за презимување, но доколку почвените услови тоа го дозволуваат земјоделците да влезат во нивите, може да се отпочне и со кроењето на виновата лоза, која е обемна операција и потребно е време да се заврши навреме.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-15 Попова Шапка, -10 Маврови Анови, Крушево, -7 Берово, -6 Претор, -5 Крива Паланка, Охрид, Прилеп, Дебар, -4 Битола, -3 Штип, Виница, -2 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Струмица, -1 Скопје-Петровец, Демир Капија, 0 Дојран, 1 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м²)

7 Дебар, 5 Крива Паланка, 3 Охрид, 1 Битола, Демир Капија, Струмица, Ѓуриште, Попова Шапка.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

61 Попова Шапка, 16 Маврови Анови, 6 Ѓуриште 5 Крушево, 4 Берово, 2 Крива Паланка, Дебар.

 Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе