Вести Македонија Топ вести

Зголемено нивото на Радика: Урнат мост, одрони кај „Бигорски“, отсечени неколку села во Општина Маврово/Ростуше

Поради зголемено ниво на реката Радика, се урна мостот кој води кон неколку села во Општина Маврово и Ростуше, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Радика, поради обилните врнежи од дожд во ноќта меѓу 14 и 15 декември, се излеа од своето корито на неколку точки, информираат од регионалниот Центар за управување со кризи во Гостивар.

„Локалните притоки на река Радика поради надојдените води беа излеани на главниот пат од Бошков мост до село Жировница на неколку места. Имало одрони од земја и камења во близина на манастирот Бигорски и од страна на екипи на „Македонија Пат“ се исчистени. Меѓу селата Ростуше и Јанче, водата донела големи наслаги од земја и кал кои со машини на „Македонија Пат“ и од општината се санирани. Од надојдените води на Рибничка река, оштетен е мостот на Рибничка река, кој се наоѓа на 20 км од на патот за село Нистрово, со што целосно се отсечени 15 семејства од селата Тануше, Жужња и Рибниште“, информираат од ЦУК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ФОТО) Тројца туристи меѓу четворицата загинати во несреќа на жичница во Неапол

Дејан Дејан

Кремљ: Истече наредбата на Путин за ненепаѓање на енергетската инфраструктура на Украина

Дејан Дејан

Небензија: Прекинот на огнот во војната против Украина е „нереален“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе