Вести Македонија Топ вести

Комисија за надзор: АНБ можеле и на Гугл да го проверат коњичкиот натпреварувач Онишченко од црната листа на САД пред да му дадат државјанство

Во Македонија коњички натпреварувач, во Украина осомничен криминалец, во САД на црната листа, а последната улога која самиот ја соопшти во интервју за „Слободен печат“ е дека во Германија е инвеститор. Александар Онишченко, македонското државјанство го добил по легален, пат, но кој и зошто не ги почитувал безбеднсните филтри, одговори бара комисијата за надзор  врз АНБ. Директорот, Виктор Димвоски служебно е во Брисел, а во петок ќе реферира пред пратениците како сомнителниот Онишченк останал Македонски државјанин.

Наместо одговори како неговото барање за државјанство полно со обвинувања и истраги се протнало низ македонските служби и институции, јавноста доби информации дека Македонскиот јавач со украинско потекло, Александар Онишченко планира со 5-10 милиони евра инвестиции да ја носи земјата во олимпски победи.

И економијата ќе профитира од неговите планови за инвестиции. Во интервјути за „слободен печат“ Онишченко од Дубаи вели дека за македонското државјанство чекал две години и го добил на легален начин.

Во Македонија дошол на покана на својот колега јавач Лука Заложник кој од него побарал да биде спонзор и член на  македонската коњичка репрезентација. За обвинувањата во странските медиуми пак појаснува дека против него во моментов нема ниту еден доказ како и дека против него не се води ниту еден судски спор, а на црната листа на САД се нашол бидејќи бил пријател на Трамп и изјавил дека синот на Бајден е корумпиран.

И додека надлежните молчат „Еквестриајн – државјанството“ на Онишченко ги собра пратениците во комисијата за надзор на агенцијата за националната безбдност. Директорот на АНБ Виктор Димовски е во Брисел ,а за скандалот ќе дава отчет во петок. Комисијата ќе бара одгвор како ова лице ги минало безбедносните филтри.

Од исходот во оваа комсиија ќе зависи и оценката во комисијата надворешни работи за предлогот, Димвоски да биде амбасадор во Франција.

Украинскиот државјанин Онишченко станал македонски државјанин како спортист во еквестријан по предлог на Коњичката федерација. Одлука за доделување македонско државјанство за него донела Владата по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции. Но како ги поминал безбдносните филтри, одгвори чека и премиерот. Пред да добие документи од земјава, Онишченко тврди дека добил и германски документи каде во моментов е и неговото живеалиште, а води и сопствена компанија во земјата.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе