Вести Свет

Италијанските пратенички ќе можат да дојат на седниците на парламентот

Италијанските пратенички во иднина ќе можат да дојат на седниците на парламентот и на тој начин ќе можат да ги следат расправите, соопшти денеска собраниската Комисијата за деловник. Пратеничките ќе можат да седат во последните редови во салата или во галеријата, бидејќи досега мораа да одат во просторија за таа намена.

Според Деловникот на долниот дом на италијанскиот парламент, „неовластени лица, под никаков услов, не можат да влезат во салата во која заседават пратениците“. Доењето ќе биде дозволено до првиот роденден на бебето.

„Ова е добра пракса која гарантира уживање на неотуѓиво право во целост и претставува силен знак кој го испраќа најрепрезентативното Собрание на италијанската демократија“, изјави пратеничката Гилда Спортиело од Движењето 5 ѕвезди, кое е предлагач на реформата.

„Сите жени мора да можат да дојат каде сакаат“, додаде таа.

Движењето 5 ѕвезди, популистичка партија кој освои најмногу гласови на парламентарните избори во 2018 година, избра поголем број на млади мајки за парламентот и се залага за усогласување на семејниот живот и деловните обврски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе