Вести Македонија Наука и здравје

Инсулинската терапија заглавена во бирократија, алармираат здруженијата на пациенти

Пациентите со дијабетес од Тетово се жалат дека во болничката аптека има недостаток на инсулин.

На Вели Пајазити од Тетово, кој 16 години е дијабетичар, а изминативе неколку и на инсулинска терапија, овој месец му дале само едно пенкало, па морал да позајмува од други лица, за да ја продолжи терапијата.

Во меѓувреме позајмив од негде некое пенкало и ја намалив дозата што не е препорачливо бидејќи состојбата се влошува и сега долгот не можам да го вратам. Овој месец ми дадоа само едно пенкало, а треба да примам 9 за еден месец“, вели Пајазити. 

Овој месец не го реализирал електонскиот рецепт за инсулин ниту Душко Игневски, кој воедно е и претседател на тетовското Здружение на дијабетичари. Тој вели дека поради зголемениот број на лица со шеќерна болест, проблемот е присутен речиси секој месец.

Точно, горе долу во месецот барем една недела да недостасуваат еден или два типа на лекот“, вели Игневски. 

Од Министерството за здравство, пак, добивме одговор дека нема проблем со количините на инсулин.

 Од Клиничката болница во Тетово информираат дека пациентите со дијабетес се покриени со терапија, согласно мислење на специјалист. Нема случај каде пациент не добил инсулинска терапија или да е вратен без да му биде дадена терапија, велат од Министерството за здравство.

Во Општина Тетово има повеќе од 10 000 лица со шеќерна болест, од кои над 4 000 возрасни лица, и 120 деца се на инсулинска терапија. Од Здружението на дијабетичари велат дека бројките се загрижувачки, особено оние на детски дијабет.

По податоците кои ги добивам од инсулинската аптека, секој ден по два три нови за инсулинска терапија, месечно 20-30, а пати 12 месеци тоа е голема бројка. Деца нарочито има доста, загрижувачки. Тетово предничи со голема бројка. На ниво на Македонија, Тетово и Струмица се со најголеми бројки на детски дијабет изјава Душко Игневски, претседател на Здружение на дијабетичари од Тетово.

Од Здружението велат дека се очекува бројките да се зголемуваат, поради стилот на живот на граѓаните.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе