Вести Свет

Лирман ја повика Србија да се усогласи со надворешната политика на ЕУ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со германската министерка за европски прашања и климатски прашања, Ана Лирман, со која разговараше за дијалогот меѓу Белград и Приштина, европските интеграции, енергетската криза и климатските промени.

-Претседателот Вучиќ посочи дека Србија е посветена на дијалогот како начин за решавање на сите отворени прашања, без загрозување на нејзините државни и национални интереси, се вели во соопштението од кабинетот на српскиот претседател.

 

Зборувајќи за енергетската и климатската криза, Вучиќ рече дека Србија во иднина ќе инвестира повеќе во обновливи извори на енергија, „по примерот на бројни германски компании во Србија, кои инвестираа многу во соларни панели, со цел на заштеда и произведство на електрична енергија за свои потреби“.

Министерката Лирман ја повика Србија да се усогласи со надворешната политика и визниот режим на Европската унија, се наведува во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска е осомничена за оддавање на службена тајна

Дејан Дејан

Ивановска: Собранието ги избира членовите на ДКСК и тоа треба да го зајакне надзорот

Дејан Дејан

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе