Вести Македонија Топ вести

Калајџиев за Телма: Очигледно е дека правно постапката со Русковска и обинителите и со Арафат, не го има текот што го бараат законите

Сѐ уште не знаеме дали фокусот е сосема тргнат од случајот на предистрага во случајот на финансиската полиција, едно е сигурно, дека начинот на кој што се санкционирани обвинителките од Обвинителството за организиран криминал и корупција се чини престрог и несоодветен, оцени универзитетскиот професор Гордан Калајџиев во вестите на Телевизија Телма.

Со тоа тие практично не само што се тргаат од постапката што инаку во принцип е добро, јас и самиот сугерирам дека е добро и Арафат и Русковска на некој начин да се тргнат од постапката за да може таа постапка, сомневањата во финансиската полиција да се истераат до крај. Сега напротив дојдоа на обвинителна клупа, самите кажавте во моментов тоа изгледа како некаков намерен дефокус, и би рекол, како некоја веројатно претерана акција која што нема практично правна основа, смета професорот Калајџиев.

Според него, прашање е дали обвинителскиот совет ќе смогне сили, или пак владата која што во секој случај е надлежна за судир помеѓу обвинителството и правосудната полиција во рамки на кои е и финансиската полиција.

Едно е сигурно има наместо правна разрешница можеме да препознаеме лесно, дури и за тие што не се многу запознаени, сега не знаеме се разбира сите ниту јас се гледа дека има сериозни индикации да речам влијание врз постаопката би рекол од политичка природа можеби и од етничка сега тоа не знаеме но очигледно е дека правно постапката не е, не го има текот што го бараат законите, вели професорот Калајџиев.

Калајџиев за Телма: Интервенцијата на државниот обвинител најверојатно е по нарачка, Русковска има некому стапнато на „жуљ“

Целото интервју со професорот Гордан Калајџиев на наредниот линк:

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Битка за македонското столче во судот во Стразбур- 21 кандидат досега се пријавиле за функцијата која трае девет години

Дејан Дејан

„Од ВЛЕН остана лен“, Али Ахмети во Свиларе го прекина политичкиот молк, Мицкоски вели – односите во Владата се одлични

Дејан Дејан

Бејзароски во Топ Тема: Дискреционите права на министрите се извор на дискриминација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе