МРТВ на удар на ревизорите. Јавното претпријатие прекршило низа закони, правилници, колективни договори со своето работење во 2020 та година па и претходно. Државниот завод за ревизија како клучни утврдени состојби ги одвои:
- не се донесени стратешки, плански, програмски акти;
- непрецизна систематизација и пресметка на плата
- нема внатрешна ревизија
- нема попис на средствата и обврски;
- нема наплата на побарувањата постари од пет години
- неправилности во јавни набавки.
Сепак прв на удар е колективниот договор и начинот на исплата на платите и додатоците. За вработени на исто ниво биле исплаќани плати според различни коефициенти што е спротивно на повеќе закони, за дел од раководните лица во досиејата недостигале клучни документи за нивните квалификации, на директорите им е истечен мандатот, а нема избор на нов совет кој што би избрал и нови директори, како и забелешката дека тие заедно со вработените влегле во колективниот договор за регулирање на исплата на платите па според ревизорите ова значи дека тоа би придонело за судир на интереси и влијание врз работата на синдикатот.
Недостатоците констатирани во делот на интерните акти за пресметка на плата доведуваат до неправилна пресметка и исплата на плата на вработените во јавното претпријатие и отстапување на платите. Некомплетните досиеја и неспроведеното оценување на дел од вработените може да влијае на пополнувањето на одредени работни места со стручен кадар и на квалитетот на извршување на работните задачи.
Сметаме за потребно да укажеме дека вклучувањето на директорот и заменик на директорот во иста група со вработените може да ја доведе во прашање нивната независност и објективност при донесувањето на одлуки и да предизвика судир на интереси кога тие одлуки се однесуваат на одредбите од Колективниот договор, а воедно може да претставува ограничувачки фактор при функционирање на Синдикалната организација.
Ревизорите исто така имаат и забелешки за тоа што во МРТВ со систематизација во 2020 та година е формирано одделение за радиодифузна такса со 5 вработени и покрај тоа што таква обврска за наплата повеќе не постои. Се утврдени и неправилности при јавни набавки, нема наплата на дел од стари побарувања низ годините а нема ниту попис на тоа што се поседува јавното претпријатие. Од таму им дале обемен одговор на ревизорите но и покрај тоа тие изразиле сомнеж за целокупното работење на МРТВ давајќи многу препораки за промени.
Билјана Николовска