Вести Македонија Топ вести

МТСП: Не е вистина дека штрајкувачите се заплашувани

Министерството за труд и социјална политика во целост ги отфрла обвинувањата за заплашување на штрајкувачите како невистинити.

Од таму велат дека до министерството и  инспекциската служба досега не е пристигната  никаква поплака од страна на штрајкувачките одбори или поединечно од учесници во штрајкот за попречувањето во одвивање на штрајкот во предучилишните установи.

СОНК треба да знае дека согласно Колективниот договор кој го имаат потпишано со министерството е регулирано работното време на вработените во градинките. А остварувањето на правото на штрајк е регулирано со Законот за работни односи и Колективен договор, кој упатува на ЗРО, каде согласно член 240/241 во делот на исплата на придонесите од страна на работодавачот „на работниците учесници во штрајк, за време на учество во штрајкот, работодавачот е должен да им уплатува придонеси од плата утврдени со посебните прописи на најниската основица за плаќање на придонесите.“

Истовремено, Ве информираме и дека законот за работни односи дава можност нето платата за време на штрајк да ја исплати  организаторот на штрајкот во случајот СОНК.

Од ресорното министерство велат дека до градинките испратиле укажувања во насока на инфромирање на градинките да го почитуваат колективниот договор за време на штрајк.

Сите укажувања до градинките се во насока на информирање на вработените во истите, што очигледно СОНК како организатор тоа не го направил или го направил на погрешен начин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе