Вести Македонија Најважни

Ракометарот Тот и притворената се познавале пред да се случи убиството

Хрватскиот ракометар Денис Тот и притворената деветнаесетгодишна девојка биле пријатели извесен период пред неговото убиство но во средата вечер не дошле заедно во ноќниот клуб „Привилиџ“. Според информациите на „Телма“ вечерта седеле на различни маси, а притворената цела вечер била во друштво со првоосмничениот Ангело Ѓоргиевски. Внатре во клубот имало контакт а најдолго се задржуваат и дискутираат пред дискотеката, што е забележано на снимката од камерата на „Сејф сити“ но не беше објавено во јавност.

МВР потврди дека вечерта меѓу нив имало расправија

Според информациите на „Телма“ на снимката од „сејф сити“ се гледа и дека такси возачот по педесетина метри ќе запре и од него ќе излезат Ѓоргиевски и девојката а тој ќе се замине. Притворените повторно ќе се вратат кај Тот кој сеуште лежи пред дискотеката.
Ниту еден од сведоците на настанот, ниту обезбедувањето во клубот нема да го пријават нападот на бројот 192.

Министерот Спасовски нема прецизна информација колку време поминало од претепувањето до неговата хоспитализација во Ургентниот центар од каде што ја добива и пријавата. Нејасно е ако нема видливи повреди зошто е повикана полицијата, а Спасовски без прецизен одговор дали уште вечерта, веднаш по пријавувањето, полициски екипи биле во ноќниот клуб за да земат изјави од сведоци што секако би влијаело врз содржината на полициската информација објавена во четвртокот околу пладне.

Спасовски е дециден дека обид за прикривање на дело немало и од пријавата до притворањето не поминале повеќе од 24 часа. Дали првоосомничениот Ѓоргиевски е во државата не даде одговор но не ја исклучи можноста од распишување мешѓународна потерница

Од здравстевниот инспекторат потврдија дека кај нив пристигнале изјавите од сите медицински лица кои имале било каков контакт во хрватскито ракометар Денис Тот, од неговиот транспорт па се до прогласувањето на смрт но што стои во нив засега нема да соопштат. Во инспекторатот сеуште се чека на извештајот заедно со токсиколошката анализа од Судската медицина.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, соопшти дека ноќниот клуб „Привилиџ“ немал лиценца за работа, па надлежните во МВР и Град Скопје треба да одговорат на уште едно прашања зошто а не како не забележале отворена дискотека во центарот на Скопје.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Напад врз три возрасни жени во Вастерас – шведската полиција го застрела напаѓачот

Дејан Дејан

Нема жртви, ниту е направена штета – иранскиот шеф на дипломатијата по денешниот напад со дронови врз Исхафан

Дејан Дејан

Забрането е името на ,,Пабло Ескобар” да се користи како трговска марка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе