Вести Свет

Украина нуди 1 милион долари и државјанство на руските пилоти кои ќе побегнат

Украинската државна компанија за оружје „Укроборонпром“ понуди по 1 милион долари за секој заробен руски воен авион. Условот е авионот да биде во состојба подготвена за борба, а понудата важи и за руските пилоти кои се подготвени да побегнат на украинската страна.

Укроборонпром, исто така, објави дека нуди половина милион долари за секој заробен руски воен хеликоптер во способна состојба.

„Им гарантираме државјанство на слободна земја на сите пилоти на Руската Федерација кои се подготвени да учествуваат во програмата“, објави украинската државна компанија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе