Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој се забранува избор на одредени стоки и суровини откако претходно американскиот претседател Џо Бајден донесе одлука за забрана на увоз на нафта, гас и јаглен од Русија.
Официјалната цел на декретот на Путин е како што е наведено во него, „обезбедување на безбедноста на Руската Федерација и непречено функционирање на индустријата“, објави руската агенција РИА Новости.
Руската влада во рок од 48 часа треба да состави список на стоките и на земјите каде ќе биде забранет нивен извоз.
Забраната ќе важи до крајот на 2022 година. Според РИА Нпвости, забраната за извоз и увоз нема да важи за “руски државјани, странци и апатриди кои ќе ги користат производите за лични потреби”.
Новите мерки, според очекувањата, ќе ги нарушат пазарите, особено тие што се засегнати извозот на гориво. Русија исто така важи и за голем снабдувач и на житарки и метали.
Указот на Путин доаѓа откако американскиот претседател, Џо Бајден, објави дека САД забрануваат увоз на руски гас, нафта и јаглен, а Велика Британија најави дека постепено ќе ја укинува зависноста од руската нафта. И ЕУ планира постепено “ослободување” од зависноста од руски гас, но првично оценија дека нема да се откажат од руските енергенси.