Вести Македонија Свет

Србија ќе забрани извоз на пченица, брашно и масло, изјави српскиот претседател Вучиќ

-Во Европа луѓето се повеќе загрижени за пченката, Америка е повеќе загрижена за пченицата. И се чека одлуката на Путин и владата за тоа што Русија нема да извезува. Цените вртоглаво растат. Имаме предност во пченицата и пченката. Од четврток повеќе нема да има извоз на пченица и брашно, пченка исто така, и масло, бидејќи извозот скокнал за 109 отсто, изјави Вучиќ на ТВ Б92.

Тој посочи дека Србија ќе има доволно за себе и за регионот, но дека сè што се случува во светот му изгледа како крај на светот во економска смисла и толку разурнувачки што за тоа нема лек.

Претходната недела Вучиќ изјави дека Македонија имала побарување од 25.000 тони пченица и пченка, но претставници  на македонските власти тврдеа дека државата не порачала туку најверојатно станува збор за приватни компании од Македонија.

Во вечерашниот говор во телевизиското интервју Вучиќ нагласи дека ќе ги има овие земјоделски култури и за државите во регионот, без повеќе детали за размената откако ќе почне забраната за извоз утре.

Од Здружението на произведувачи на жито од Србија, “Жито-унија” пак денеска за српскиот весник Политика и за агенцијата Бета коментираа дека забраната за извоз на жито не е добра и е штетна бидејќи Србија ги има обезбедено сите потребни количества жито до овогодинешната жетва и има вишок од околу 200.000 тони пченица.

Земјоделците сакаат тоа да се продаде за да ги покријат повисоките трошоци за есенската сеидба поради зголемената џена на гасот.

Српскиот претседател Вучиќ се пофали и дека имал добар разговор со Викторија Нуланд  (државен потсекретар за политички прашања во Стејт демпартментот) за како што рече  „сите наши работи”, како и со пријателите од соседството и дека добил впечаток дека општата паника се заснова на реална ситуација.

Тој оцени дека во изминатите 24 часа е дојдено до големи нарушувања во светот.

-Србија е во неволја ако ЕУ го забрани увозот на сите енергенси, бидејќи нема од каде да добие – не може од небо да ни паднат нафтата и гасот, кажа Вучиќ.

Веќе бараме од каде би можеле тоа да го набавиме, а веќе реагиравме и со НИС кој бара увоз од трети земји и денеска донесовме одлука, подготвена од Владата, за ослободување на одредени стоки од царина во 2022 година, а ќе се однесува ако има потреба, на нафта од трети земји каде немаме големи приходи на царина, ќе се откажеме како држава, за да обезбедиме целосно снабдување на пазарот, изјави Вучиќ во интервју на српската телевизија Б92.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Во поплави во Конго 62 лица го загубија животот, а 50 се водат како исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе