Максар објави нови сателитски снимки.
Според Скај њуз, на снимката се гледа руски конвој во близина на аеродромот Антонов, недалеку од Киев.
Исто така, на втората снимка се гледа урнатиот мост во Ирпин, кој се наоѓа на периферијата на Киев.
Скај њуз заклучува дека тоа би можело да сугерира дека Русите продолжуваат да вршат притисок врз Киев по бавниот напредок кон главниот град во изминатите две недели.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.