Вести Свет

Британците објавија: Русите не успеаја да се пробијат на север од Киев

Руските сили не успеаја да направат значителен пробив во северниот дел на Киев, а украинските сили се чини дека успеваат да соборат непријателски авиони, според најновите разузнавачки информации на британското Министерство за одбрана.

 

„Борбите северозападно од Киев сè уште траат, а руските сили не успеваат да направат некој значаен пробив.“ – се вели во соопштението на британското министерство.

Се чини дека воздушната одбрана на Украина постигна значителен успех против руските модерни борбени авиони, веројатно спречувајќи ги да постигнат каков било степен на воздушна контрола.

Сепак, Харков, Чернихив, Суми и Мариупол сè уште се опколени од руските сили и трпат силно руско гранатирање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе