Њујорк Тајмс за прв пат по еден век нема да има новинари во Русија, со што ќе им се придружи на оние кои ја напуштиле таа земја. Руските власти го блокираа известувањето со криминализирање на нарекувањето војна на инвазијата на Украина. Оние кои ќе го направат тоа се соочуваат со казна затвор до 15 години.
Поранешниот шеф на канцеларијата на Њујорк Тајмс во Москва, Нил МекФаркуар, преку социјалните мрежи изјави дека Русија отсекогаш била „важна земја“ и „важна приказна“, но гореспоменатиот пресврт „убива долга традиција“. Њујорк Тајмс има новинари во Русија од 1921 година, со само кратки прекини поради проблеми со визите. „Многу тажен ден за Њујорк. Ниту Сталин, ниту Студената војна не не избркаа“, рече МекФаркухар.
МекФаркухар потврди и дека Путин врши најголем притисок врз медиумите откако дојде на власт. „Работевме со правни советници, експерти за безбедност и нашиот тим од искусни новинари за да ги разбереме потенцијалните последици од најновите одлуки“, рече претставникот на Њујорк Тајмс во изјавата.
.@nytimes always considered #Russia an important country, an important story. Being bureau chief in Moscow, reporting from #Kaliningrad to #Kamchatka, was among the most interesting assignments of my career. But @KremlinRussia just killed off that long tradition.
— Neil MacFarquhar (@NeilMacFarquhar) March 8, 2022
„За да ги заштитиме нашите новинари, засега ги иселуваме надвор од државата. Се радуваме што побрзо да се вратат, а дотогаш внимателно ќе ја следиме ситуацијата“, најавија тие.
МекФаркухар, исто така, објави на Твитер дека по распадот на Советскиот Сојуз, голем број медиуми го намалија персоналот или целосно ги затворија редакциите во областа, но не и Њујорк Тајмс. „Со двајца дописници, новинари и преведувачи, таа отсекогаш била една од нашите најдобри канцеларии во светот“, објасни поранешниот шеф на канцеларијата на Њујорк Тајмс во Москва.