Социјалните мрежи се преполни со снимки од граѓаните кои протестираат пред вооружените руски војници во Керсон, пукајќи во воздух.
Групи храбри невооружени Украинци се спротивставија на руските војници во окупираниот Херсон. Некои стоеја пред воени возила, некои пред војници, додека други го вееја украинското знаме.
Валентина Маганова, на звуците на истрели, му порача на светот: „Не се плашиме. Објавете го ова низ светот. Ве молиме поддржете нè. Херсон е Украина!“
This is Melitopol – unarmed Ukrainians take on Russian occupation forces pic.twitter.com/l1lgDhnq5p
— Bojan Pancevski (@bopanc) March 5, 2022
„Јас и мојот тим сме мирољубиви луѓе, немавме оружје.“
Да потсетиме, руското Министерство за одбрана во средата објави дека го окупирало украинскиот Херсон.
Таа вечер, Игор Коликаев, градоначалникот на Херсон, на Фејсбук објави дека руски војници насилно влегле во зградата на градскиот совет.
„Вооружени гости влегоа денеска во градскиот совет. Јас и мојот тим сме мирољубиви луѓе, немавме оружје или агресија од наша страна. Немаме украински вооружени сили во градот, само цивили и луѓе кои сакаат да ЖИВЕАТ овде! напиша на 3 март Коликаев.