Вести Свет Топ вести

Украина ќе го повика Врховниот суд на ОН да и наложи на Русија да ја запре инвазијата

Украина денеска ќе го повика Врховниот суд на Обединетите нации да и наложи на Русија да ја запре инвазијата, тврдејќи дека Москва го оправдува нападот врз основа на погрешно толкување на Конвенцијата за геноцид. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „специјалната воена операција“ на Русија е „неопходна“ за да се заштитат луѓето кои биле подложени на малтретирање и геноцид во источна Украина, мислејќи на оние чиј прв или единствен јазик е рускиот.

Киев денеска на почетокот на судењето ќе ги повика судиите да наредат таканаречени „привремени мерки“ за заштита на Украина. Тужбата на Украина поднесена до Меѓународниот суд на правдата се фокусира на толкувањето на Конвенцијата за спречување и казнување на геноцидот од 1948 година, договор потпишан од двете земји.

Украина во тужбата наведува дека руското тврдење за геноцид не е точно и дека Путин нема правно оправдување за инвазијата.

Минатата недела, извршниот одбор на Меѓународната асоцијација на научници за геноцид рече дека Путин „го злоупотребил терминот геноцид“.

„Нема апсолутно никакви докази дека во Украина се случува геноцид“, изјави за Ројтерс претседателката на здружението Мелани О’Брајан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе