Вести Економија Топ вести

Од утре одмрзнати цени и поскапи производи, граѓаните викендов панично ги полнеа фрижидерите

Вжештената воено-политичка состојба во светот и утрешното одмрзнување на цените на основните производи кај нас најдобро се почувствува во продавниците.

Вработените неуморно по цели денови ги полнат рафтовите со производи, затоа што граѓаните панично ги наполнија торбите со сè што можеше да соберат како резерва.

Владата уште на почетокот на декември донесе одлука да ги замрзне цените на основните прехранбени производи, а листата потоа беше и проширена со нови производи.

За највисоки се сметаа цените кои биле на први декември 2021 година, во трговијата на големо и мало.

„Потрошувачката изминатиот викенд беше драстично зголемена. Можеме да кажеме дека најбарани производи беа основните како брашно, зејтин, млеко, млечни производи, сувомеснати производи, месо, овошје и зеленчук“ изјави Билјана Балевска, асистент супервизор во маркет.

Дел од граѓаните кои денес беа да испазарат анализираат дека сите турбуленции коишто се случуваат во светски рамки во моментов, создаваат страв дека и онака високите цени ќе станат уште повисоки.

Неурамнотежениот стандард на живеење им е најголем проблем.

„Ова е веќе вештачко покачување на цените. Премногу е на пример 30% зголемување на месото. Забележувам и на другите артикли дека цената е многу голема. Платите се во мирување, а потрошувачката кошничка е сè попразна.“

 

„Некој има помала плата, а некој има добра плата и може да се снајде. Тоа треба и Владата да го разреши, затоа што ако не помага државата, луѓето многу тешко ќе се снајдат.“

Утре се очекува најпрво најосновното – лебот да биде и до пет денари поскап.

Путерот и кашкавалот ќе го следат, а позабележителни поскапувања ќе имаат и овошјето и зеленчукот.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Претседател на суд има плата од 180.000 денари, што мислам дека е малку многу, а просечната плата во државата е 45.000 денари

Дејан Дејан

Мицкоски: Апсолутно не гледам потреба за зголемување на буџетот за правосудниот систем

Дејан Дејан

Граѓаните ќе плаќаат данок од 18 отсто на сите пратки од „Тему“ и „АлиЕкспрес“кои се над 22 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе