Од први март ќе сесмени начинот на регулирање на цените на одредени производи, рече Крешник Бектеши, министер за економија во вечерашната Топ Тема на Телма, кој истакна дека се уште траат анализите во делот на замрзнување на цените во изминатиот период.
- Остануваат истите цени на суровините, дали увозни или оние кои се произведуваат кај нас, па поради тоа цените остануваат стабилни, рече Бектеши. Тој одрекува дека со ограничување на маржите, најавеноод први март, предходно ќе доведе до зголемување на цените на одредени продукти.
„Ќе видиме врз основа на реалните калкулации кои ќе се направат, но цените на берзата за одредени суровини се за 50-60% повисоки од минатата година“, истакна Румен Смилевски од Здружение на трговија. Тој рече дека со новите мeрки најавени од владата се уште не може да се знае како тоа ќе влијае врз цените.
- Бизнисот во воие тешки моменти ќе се обиде да излезе во пресрет на граѓаните но, има граници до кои може да се оди во однос на реалните произведувачи, рече Смилевски.
Ние сме во една пазарна економија во која побарувачката ја одредува цената. Растеше цената на маслото и лебот во последниот период но, сега е цента стабилна на маслото и стои, вели Горан Георгиевски, претседател на Агробизнис комора.