Едночасовно доцнење, паузи и постојани процедурални забелешки го одбележаа почетокот на амандманската расправа за минималната плата во Комисијата за труд и социјална политика. Пред самиот почеток, опозицијата поднесе четири амандмани, што власта не ги прифаќа. Од Алијанса на Албанците бараа, износот на субвенцијата од државата наместо 1.190 денари да биде 1.505 денари, а тука да влезе и персоналниот данок, со важење до 2024 година. Бараат и усогласување на платите во јавниот сектор, со минималната плата.
Слично барање имаат и ВМРО-ДПМНЕ, но министерката за труд и социјална политика ги одби амандманите со образложение дека, законот е договорен со економско социјален дијалог.
Опозицијата не беше задоволна од образложението.
Опозицијата, сепак, најави поддршка на законот, со кој се сголемува минималната плата на 18 илјади денари.
Далиборка Дамјанска Цветановска
