Свет Топ вести

Нов обид за решавање на украинската криза во Париз

Русија продолжува да ја заобиколува Украина со воени единици, испраќајќи дополнителни војници и ловци во Белорусија додека во Париз, во продеолжуваат преговоите за конфликтот меѓу претставници од Русија, Франција, Германија и Украина. Приказот на руската воена моќ продолжува со планирани заеднички воени вежби во Белорусија, посебни со веќе одржаните поморски вежби со Кина во Aрапското море и вчера започнатата поморска вежба во Беренцовото море.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, од безбедносната конференција во Брисел оцени дека Европа го живее најопасниот период од крајот на Студената војна, и влогот не е само судбината на Украина, туку и основните принципи на европската безбедност. Борел соопшти дека унијата ги финализира одговорите на руските предлози од Женева, но во исто време подготвува и нов сет санкции во случај Русија да ја нападне Украина.

Мораме да бидеме подготвени за сите сценарија и природата на нашиот одговор мора да биде во согласност со природата на руските избори. Одлуката за санкциите најверојатно е најпоследичната предност која западот, или барем ЕУ, ја има, и тоа ќе го направиме во соработка со САД и останатите, рече Борел.

Во меѓувреме Вашингтон соопшти дека соработува со најголемите светски производители на нафта и природен гас, во случај да ескалира ситуацијата во Украина и Москва да ја запре испораката за Европа, која во моментов изнесува една третина од европскиот увоз.

Секако нарушувањето на испораките на залихите на физичка енергија кои транзитираат низ Украина значително ќе влијае на пазарите за природен гас во Европа. Затоа, соработуваме со европските партнери за да го координираме планирањето за справување, вклучувајќи и како да бидат искористени постојните енергетски залихи, изјави прес секретарката на Белата куќа, Џен Псаки.

И покрај јасното распоредување на воени единици и одржувањето поморски и копнени вежби, Москва ги отфрла обвинувањата дека подготвува инвазија на Украина и ги обвини САД и НАТО за подгревање на тензиите распоредувајќи дополнителни сили во Источна Европа. Како дел од зајакнувањето на источното крило на НАТО, Данска испрати фрегата и ф-16 ловци во Литванија, во Бугарија пристигнуваат 4 авиони ловци од Шпанија и три борбени бродови кои ќе ѝ се приклучат на НАТО флотата во Црното море, а Франција и Обединетото Кралство се подготвени веднаш да испрататат војници во Источна Европа.

Москва бара од западот да запре проширувањето на НАТО во Источна Европа, гаранции од САД дека Украина никогаш нема да му се приклучи на НАТО и намалувањето на военото присуство на Алијансата во овој дел од Стариот континент. Овие барања западните сојузници веднаш ги отфрлија како неприфатливи, што создава еден навидум нерешлив ќорсокак, за кој многумина стравуваат дека може да заврши со војна.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан и Индија се согласија на целосно примирје

Дејан Дејан

Паметен помошник или дигитална опасност?

Дејан Дејан

Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога, девојка или одмазда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе