Ковид19 Македонија

Лекарите предлагаат намалување на периодот на изолација и укинување на ковид сертификатите

Лекарите ја поздравија одлуката за намалување на периодот на изолација на асимтоматските позитивни пациенти на Ковид-19 од 10 на 7 денови. Во вечерашната Топ Тема д-р Нико Беќаровски рече дека покрај намалувањето ан периодот на изолација за асимптоматските случаи, истото треба да се направи и кај пациентите кои имаат симптоми, затоа што здравството, но и стопантсвото веќе се исцрпени.

Конкретно кај мене на клиника една третина од вработените се веќе вон строј поради овие мерки, кои што ги тераат несимптоматските 10 дена да се изолираат. Добро е што се прекинува, но може да се размисли и кај симтоматсктите затоа што сите кои што работиме со ковид пациенти гледаме дека кај омикронот иде бурно сликата, меѓутоа многу брзо завршува. Третиот, четвртиот ден тие што имале покачена темепратура, течење на нос, веќе се многу подобри, рече Беќаровски.

Покрај тоа, лекарите посочуваат дека треба да почне да се размислува и за укинување на ковид сертификатите, кои според нив веќе ја губат смислата за нивното постоење.  

Сега сме во друга една реалност за разлика од пред 2 месеци. Сега веќе и вакциниран човек, и прележан може повторно да се зарази. Логиката да се бараат сертификати и да се ограничува правото на движење, не е веќе истата. Мора да имаме предвид дека сертификатите ги воведовме со идеја да стимулираме вакцинација. Мислам дека таа мерка беше најефикасна мерка за засилување, за прифаќање на вакцинацијата. Но ако во моментов тоа веќе не вродува со плод, треба да почнеме да размислуваме за укинување на сертификатите, рече Петличковски.

Беќаровски вели дека од самиот почеток контролата на сертификатите кај нас беше многу лабава и никој вистински не ја утврдуваше валидноста на сертификатите.

Одговорно тврдам дека кај нас веќе секој има сертификат а ретко кој е контролиран. Младиве ни се сите по кафулињата навечер а никој не контролира. Реално од младиве, знаеме 20 проценти или колку ни е вакцинацијата. Веќе сертификатот навистина изгуби било каква смисла и по мое длабоко убедување мислам што побрзо, барем за домашна употреба би требало да го тргнеме, рече Беќаровски.

Лекарите исто така препорачуваат граѓаните да не подлегнуваат на паника и да не инсистираат на правење на клинички испитувања по секоја цена, затоа што нема вистинска потреба.

Да го смириме народот, да им кажеме дека кај 99,9 проценти ова ќе помине како што поминувале до сега гриповите. Кога имаше претходните години по 30.000, 40.000 грипозни не правевме ни 2.000 анализи. за рентген на бели дробови и да не зборувам, само тие што завршуваа на Инфективна. Сега се инсистира уште првиот ден лабораторија, без никаков резон. Дури и делта сојот кога беше првите денови немаше резон да се прави лабораторија. Огромни се бројките и ќе растат ако овој страв кај населението не го спуштиме. Треба да се смириме. Влегуваме, по длабоко мое убедување, во добра фаза, вели Беќаровски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мотоциклист загина на патот Дебар – Струга

Дејан Дејан

Лицето кое беше фатено на „Табановце“ вчера сопругата ја усмртил пред нивната петгодишна ќерка

Дејан Дејан

ДУИ: Oбид на Мицкоски да се наметне како тутор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе