Вести Свет Топ вести

САД идната недела ќе достават писмен одговор на руските барања за Украина и НАТО

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека САД идната недела ќе достави писмен одговор на руските барања за Украина и НАТО. Лавров средбата со американскиот државен секретар Блинкен во Женева, некогаш клучната раскрсница на Студената војна, ја нарече „конструктивна и корисна“. Се верува дека одговорот на САД би можел барем да ја одложи на неколку дена потенцијалната непосредна руска инвазија врз соседна Украина.

Предлозите се исклучително конкретни. И очекуваме одговорите да бидат подеднакво конкретни во таа смисла и во целост во склад со обврските преземени на највисоко ниво во рамки на ОБСЕ по прашањето на безбедноста. Значи ниту една држава не би требало да биде во можност да ја засили својата безбедност на сметка на друга земја. Многу би ме интересирало како САД ќе ги толкуваат тие обврски, рече Лавров.

Русија нема намера да ја нападне Украина, уверуваше Лавров, и го обвини НАТО дека ја разгорува хистеријата.

На масата во луксузниот швајцарски хотел, Блинкен го предупреди својот руски колега на „обединет, брз и остар“ одговор ако Русија сепак преземе чекор кон агресија. Разговорите ги нарече „искрени и содржајни“ во обид да се избегне уште еден разорен судир во Европа.

Во право сте, не очекуваме дека денеска ќе ги решиме нашите несогласувања. Но се надевам и очекувам дека можеме да тестираме дали дипломатскиот пат, дијалогот останува отворен. Посветени сме на тоа одиме по тој пат и по мирен пат да ги решаваме нашите разлики и се надевам дека денеска ќе можеме да го тестираме тој предлог и да бидиме како понатаму, изјави Блинкен.

Рускиот претседател Владимир Путин упати барања до Западот, меѓу кои и да се спречи Украина да се придружи на НАТО. Тој исто така сака западниот одбрамбен сојуз да ги напушти воените активности во источна Европа, но за тоа досега не доби никави уверувања.

Според аналитичарите, Соединетите Држави немаат договорна обврска кон Украина, а војната со Русија би била огромна коцка, со оглед на нејзиниот потенцијал за проширување во Европа, дестабилизирање на регионот и ескалирање до застрашувачка точка на ризик од нуклеарна размена. Америка сепак ќе се обиде дипломатски да го реши проблемот, а доколку се случи инвазија, САД нема да ги ангажирираат своите војници, туку ќе ја помагаат Украина на друг начин.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе