Претседателот на бугарското Народно собрани, Никола Минчев, денеска најави дека премиерот Кирил Петков ќе дојде меѓу народните избраници за да биде сослушан од нив на барање на пратеничката група на ГЕРБ-СДС.
Поради руското барање НАТО да се повлече од Бугарија и Романија, ГЕРБ побара во парламентот да бидат сослушани премиерот Кирил Петков, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и министерот за одбрана Стефан Јанев.
Во соопштението кое го прочита пратеникот Данијел Митов, се вели дека Бугарија е дел од политичкиот простор кан когошто Москва одамна нема ни контрола ни влијание. Ваквите провокации значат дека итно Руската федерација треба да ги преиспита сигналите на агресија кои ги испраќа кон надворешниот свет и да ги прифати повиците на сите земји од европскиот регион на деескалација и воздржување од политиката на мафтање со оружјето.