Вести Свет Топ вести

Започна средбата Блинкен – Лавров во Женева

Највисоките дипломати на Русија и СДА ги водат клучните разговори по повеќенеделниот судир околу Украина која се наоѓа на работ на потенцијална насилна фаза со зголемена загриженост дека Европа повторно може да биде зафатена од војна.

Доколку и еден руски војник ја премине украинската граница, ќе го сметаме за напад, ова е предупредувањето до Русија од американскиот државен секретар Ентони Блинкен кој денеска е на средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, токму во Женева некогаш клучната раскрсница на Студената војна.

Тоа би бил многу јасен напад врз Украина, без разлика дали се работи за еден или 1.000 војници. Сепак Блинкен истакна дека нема големи очекувања од тие разговори.

Официјални лица од Стејт Департментот велат дека Блинкен денеска во Женева ќе настојува на Лавров да му понуди „политичка деескалација“ за да се ублажат тензиите.

Во истовреме рускиот претседател Владимир Путин упати барања до Западот, меѓу кои и да се спречи Украина да се придружи на НАТО. Тој исто така сака зашадниот одбрамбен сојуз да ги напушти воените активности во источна Европа, но за тоа не доби никави уверувања.

Според аналитичарите, Соединетите Држави немаат договорна обврска кон Украина, а војната со Русија би била огромна коцка, со оглед на нејзиниот потенцијал за проширување во Европа, дестабилизирање на регионот и ескалирање до застрашувачка точка на ризик од нуклеарна размена. Америка сепак ќе се обиде дипломатски да го реши проблемот, а доколку се случи инвазија, САД нема да ги ангажирираат своите војници, туку ќе ја помагаат Украина на друг начин.

  • Ако има руска инвазија, може да има организиран украински отпор, а САД, администрацијата на Бајден не кажа јавно и експлицитно дека би помогнале, но тоа е една работа што може да се направи. Под никакви околности, не би се очекувало дека американските трупи ќе се вклучат, освен до степен до кој ако има поддршка за отпор или бунт, може да се замисли дека американските трупи ќе обезбедуваат, транспорт на материјал во Украина. Секогаш постои можност некако да се привлече. Но, тоа не би била намерата, објаснува Роберт Брнс, новинар за безбедносна политика на АП.

По разговорите во Берлин со британските, француските и германските официјалници, Блинкен рече дека допуштањето на рускиот упад во Украина „сите ќе не повлече во многу поопасно и нестабилно време, со закана за сеопшта војна“.

Вашингтон и неговите сојузници во повеќе наврати најави „тешки“ последици како остри економски санкции против Русија ако дојде до инвазија на 100.000 руски војници кои се позиционирани во близина на Украинската граница.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе