Вести Свет Топ вести

Блинкен и Лавров на тет-а-тет средба – тензиите за Украина растат, ниту една страна не попушта

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ќе се сретнат во Женева.

Плановите се да се разговара за нацртите на двата договори што Русија ги поднесе на 15 декември, изјави синоќа портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесоа руските медиуми.

Захарова кажа дека Лавров и Блинкен пред два дена веќе имале телефонски разговор и дека Лавров го повикал Блинкен „да не шири шпекулации за наводната претстојна руска агресија“ во врска со ситуацијата во југоисточна Украина, туку да ги принуди властите во Киев целосно да го спроведат Договорите од Минск.

Тензиите за Украина се повеќе растат. Ниту една од страните не го менува ставот. Русија бара гаранции дека Украина нема да ја примат во НАТО, додека Америка и НАТО го бранат правото дека земјата сама го избира својот пат.

Блинкен во последните свои обвинувања кон Русија рече дека Москва не ги почитува начелата на светскиот поредок со тоа што трупа војници на границата со Украина, кои веќе се бројат над 100.000.

„Доколку макар и еден руски војник ја премине границата во Украина, тогаш ќе се занимаваме со сериозен проблем“, рече Блинкен, кој истакна дека сутуцијата со Украина е многу поголема од конфликтот меѓу двете земји. 

„Проблемот е поголем од Русија и НАТО. Тоа е криза со глобални последици“, рече Блинкен. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе