Еруптираше подводен вулкан во водите на Тонганските Острови и е издадено предупредување за цунами за неколку островски држави во јужниот дел на Тихиот Океан, особено за Тонга и Американска Самоа.
Ерупцијата на подводниот вулкан предизвика цунами од 1,2 метри, соопшти австралискиот метеоролошки институт.
Од вулканот почна да излегува пареа, гас и пепел кои достигнаа 20 километри до небото. Погодената област е со дијаметар од 260 километри.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.