Вести Свет

Нов известувач на Бундестагот за Западен Балкан е Адис Ахметовиќ

„На фактот дека моето семејство доаѓа од Босна и Херцеговина секогаш сум гледал како на предност и на еден вид збогатување“, вели за Дојче веле новоизбраниот пратеник од владејачката Социјалдемократска партија на Германија, Адис Ахметовиќ.

Тој функцијата известувач на Бундестагот за Западен Балкан ја презеде од уште еден социјалдемократски политичар, пратеникот со хрватско потекло Јосип Јуратовиќ. Овие двајца пратеници, од самит влез на Адис Ахметовиќ во Бундестагот, блиско соработуваат кога се во прашање темите поврзани со Западен Балкан.

Како известувач за Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија), Ахметовиќ ќе подготвува консултации и мерки и ќе предлага заклучоци до својата социјалдемократска пратеничка група (најголема во Бундестагот) во рамките на Комисијата за надворешна политика, а ќе биде одговорен и за известување на германскиот парламент за ситуацијата на Западен Балкан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе